Kristina Maslareviç
07 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
БЕЛГРАД (АА) - Српското народно собрание синоќа за претседател ја назначи Маја Гојковиќ, која и во претходниот состав ја извршуваше таа позиција, јавува Anadolu Agency (АА).
Пратениците за предлогот се изјаснуваа јавно, а предлогот кој Маја Гојковиќ повторно да ја извршува функцијата претседател на Собранието го поддржаа 159 пратеници од редовите на Српска напредна странка, Социјачистичката партија на Србија, Пардијата на обединетите пензионери на Србија, Социјалдемократската партија, партијата Нова Србија, Единствена Србија, Сојузот на војводинските Унгарци, Движењето на социјалистите - Народната селанска партија и Обединетата селанска партија.
Вкупно гласаа 233 пратеници, од кои 73 беа против и еден воздржан.
Маја Гојковиќ пратеничка на Српската напредна странка, воедно беше и единствениот кандидат за претседател на Народното собрание, а на гласањето му претходеше собраниска расправа за новиот претседател на парламентот, која започна во петокот на конститутивната седница.