Andelija Stojkovic
23 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, кој престојува во посета на Србија, денес во Белград се состана со претседателката на Собранието на оваа земја, Маја Ѓојковиќ со која разговараа за соработката меѓу двете земји и евроинтеграциите и оценија дека е можно продлабочување на односите меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency.
Тие на прес-конференцијата оценија дека состанокот бил потполно отворен и значаен и дека денес е започнат дијалот меѓу двата парламанти, кои меѓусебно си даваат помош на европскиот пат.
Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, изјави дека Србија и Македонија ги имаат европските интеграции како заедничка надворешнополитичка цел и дека поради тоа е потпишан договор со цел, заедничка работа и меѓусебна поддршка на тој пат.
Тој додаде дека Македонија го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој според неговите зборови, придонесува за стабилноста во регионот.
„Ја поддржуваме Србија во нормализирањето на односите со Косово и веруваме дека само со дијалог можат да бидат решени отворените прашања. Така Србија придонесува за стабилноста во регионот“, изјави Џафери.
Тој рече дека ја известил Ѓојковиќ за актуелностите во Македонија и за тоа дека за постигнување резултати на европскиот пат е потребен консензус на власта и опозицијата, поради што е започнат дијалог во Македонија.
Џафери рече дека соработката меѓу владите на Србија и Македонија ја зајакнува економската соработка меѓу двете земји, но дека тој и Гојковиќ ќе предложат интензивирање на соработката во сите области, вмрежување и заедничка промоција на трети пазари, како и дека е предложена соработка во областа на образованието, културата и земјоделството.
„Колку сме посилни како држава, толку сме посилни и поатрактивни како регион“, изјави Џафери.
Тој изјави дека Македонија и Србија имаат добрососедски односи и дека многу граѓани на двете земји се поврзани со роднински врски и како такви се најдобри амбасадори на соработката.
Претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ, изјави дека посетата ја покажува желбата и постоењето на додатен простор за унапредување на парламентарните односи и целокупните односи меѓу двете земји.
Таа изјави дека Србија и Македонија имаат заедничка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ и изрази подготвеност Собранието на Србија во тој поглед да ја даде сета потребна помош на колегите од Македонија.
„Србија дава целосна поддршка на нашите соседи и нивните аспирации да станат полноправна членка на ЕУ, бидејќи сметаме дека нашиот простор не е проблем за земјите членки на ЕУ, туку само дека можеме да бидеме дел од решението за ЕУ“, рече Гојковиќ.
Таа додаде дека неодамна одржаниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Софија имал јасна порака, а тоа е дека земјите во регионот мора да остварат поблиска, посилна и посодржителна соработка.
„Денес испраќаме порака земјите што се наоѓаат во регионот да можат и сакаат добро да соработуваат по сите прашања“, изјави Гојковиќ.
Таа изјави дека со Џафери разговарале и за прашањето на позицијата на македонското национално малцинство во Србија и за позицијата на Србите во Македонија, како и за потребата од имплементација на договорот кој двете земји го потпишаа по тоа прашање.