Ekip
06 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) – Британската премиерка Тереза Меј ќе ја посети Белата куќа, каде што ќе се сретне со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трапм по неговата инаугурација на 20. јануари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според британските медиуми, советниците на Меј минатиот месец се сретнаа со дипломатскиот кор на Трамп и се очекува двајцата лидери да се сретнат во претстојните месеци. Медиумите објавуваат дека средбата ќе се одржи во февруари.
Премиерката Меј го критикуваше Трамп за време на неговата кампања, а особено упатуваше критики за неговите антиуслимански ставови и изјави. Според медиумите, целта на оваа средба ќе биде двајцата лидери да ги поправат односите, како и да се подигне трговијата на повисоко ниво, по одлуката на Британија за излез од ЕУ, „Брегзит“.
Исто така, тие пренесуваат дека се очекува Трамп оваа година да оствари официјална посета на Британија, на покана од кралицата Елизабета Втора, со цел затоплување на односите. Првиот британски политичар кој го посети Трамп за да му ја честита победата беше поранешниот лидер на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, кој е познат по своите антимигрантски ставови.
Пред посетата на САД, премиерката Меј се очекува да ја посети Турција на крајот од овој месец. Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека средбата е планирана за 27. јануари.