Fatjon Cuka
16 Октомври 2023•Ажурирај: 17 Октомври 2023
ТИРАНА (АА) - Во Тирана се одржува Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, на кој учествуваат лидерите на земјите учеснички во овој процес, јавува Анадолу.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, ги пречека лидерите и другите функционери кои учествуваат на Самитот во Тирана, а работите ќе продолжат на две сесии.
На Самитот, што се одржува во просториите на Пирамидата во Тирана, учествуваат лидерите на Европската Унија (ЕУ), земјите од ЕУ и лидерите на земјите од Западен Балкан, а фокусот на Самитот е на повеќе прашања поврзани за интеграција на регионот во единствениот пазар, процесот на европска интеграција, регионалната соработка, поддршката на зелената и дигиталната транзиција во Западен Балкан и други прашања.
На крајот од сесиите на Самитот, прес-конференција ќе одржат премиерот на Албанија, Еди Рама, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Берлинскиот процес е иницијатива насочена кон зголемување на регионалната соработка на Западен Балкан и обезбедување помош за интеграција на земјите од регионот во Европската Унија.
Берлинскиот процес се развива со поддршка на Европската комисија, меѓународните финансиски институции и земјите членки вклучени во процесот, заедно со земјите од Западен Балкан.