İlhan Toprak
07 март 2016•Ажурирај: 07 март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, во рамките на самитот на ЕУ – Турција, којшто се очекува да се одржи денеска во Брисел, се сретна доцна синоќа со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Владата на Холандија, воедно и претседавач со Европската Унија, Марк Руте, јавува Anadolu Agency (AA).
Билатералните и трилатералните состаноци меѓу лидерите се одржаа во постојаното претставништво на Турција во Европската унија. По билатералните и трилатералните средби лидерите, исто така, учествуваа на состанокот помеѓу делегациите.
Дипломатското претставништво на Турција во ЕУ, за прв пат се користи за одржување на состаноци на ова ниво. Состаноците, кои се одржаа без присуство на медиумите, траеа околу 5 часа и 45 минути.
Денеска во Брисел се очекува да започне Самитот Турција - ЕУ на високо ниво.