Kristina Maslareviç
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
БЕЛГРАД (АА) - По консултациите со носителите на изборните листи кои на парламентарните избори го надминаа цензусот и влегоа во Народното собрание на Србија, претседателот Томислав Николиќ изјави дека одлучил да го довери мандатот за формирање на Владата на Србија на носителот на листата „Србија победува”, Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (АА).
Наведувајќи дека смета дека консултациите и разговорите со претставниците на избраните изборни листи биле во интерес на државата и дека сите тие покажале почитување кон функцијата на претседателот и проблемот со консултирање на Владата, Николиќ изјави:
„По сите разговори, а течеа во различен тон, само Александар Вучиќ изложи програмa за тоа како мисли дека треба да се однесува Владата, а сите останати дојдоа свесни со фактот дека СНС има најмногу освоени мандати и јас одлучив мандатот да го доверам на Александар Вучиќ, претставникот на листата Србија победува, затоа што ме увери дека има големина и затоа што сум должен да го доверам мандатот на оној кој има големина”.
Тој додаде дека изборите се одвивале во демократска атмосфера, но дека се завршени и сега треба да се конституитаат Собранието и Владата, која мора да почна да извршува тешка и одговорна работа, а на опозицијата и се отвора можност да се изјасни за потезите на Владата.
„ Некои претставници рекоа дека ќе го поддржат секој потег на Владата кој и носи добро на Србија, некои пак дека ќе го подржат она што е во пресрет на европските интеграции, некои дека нема ништо да подржат, гелерално, Владата ќе мора да поднесе голем терет во време кога е подобро да се биде во опозицијата” , изјави Томислав Николиќ и додаде дека владата се соочува со проблеми предизвикани од моменталната состојба во ЕУ, мигрантската криза, зголемување на влијанието на ултрадесничарските движења во Европа, економската криза и внатрешните проблеми.
Николиќ, консултациите за формирање на Владата на Србија ги започна во четврток при состанок со носителот на листата „Србија победува”, Александар Вучиќ, кои освоија најмногу мандати на изминатите парламентарни избори.