Gorana Jakovljevic
26 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
БАЊА ЛУКА (АА) - Република Српска го покажа својот политички капацитет и волја, РС со гласањето не сакаше да загрози никого, изјави Милорад Додик, претседател на Република Српска, во своето синоќешно обраќање до новинарите во Бања Лука, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој наведе дека ова е прв референдум во Република Српска по Дејтонскиот мировен договор и истакна дека е благодарен на сите политички фактори што го поддржаа и повикаа на референдум.
„Благодарен сум му на секој поединец во Република Српска кој излезе на референдум. Еден значителен број од населението на Република Српска од бошњачка националност очигледно не излезе на референдумот, а горд сум што немаше никакви инциденти; никој за тоа не им замери, тоа е нивен политички став како што е наш став да излеземе на овој референдум“, рече Додик.
Тој наведе дека оние што излегоа на референдумот покажале политичка зрелост и решителност.
„Дефинитивно имаме позитивни резултати од референдумот. Излезноста е сосема доволна во согласност со законот, а како што говорат првичните податоци, сосема мал е бројот на оние што гласале спротивно од „да“. Изразувам задоволство од завршениот ден, кој несомнено ќе влезе во историјата на Република Српска и многумина ќе се повикуваат на овој ден, како пример за решителност, за политички амбиент, на она што сме го работеле, затоа што ние веруваме дека имавме право на тоа, и покрај сите забрани. Одлуката за референдумот беше прва во спроведувањето на одлуките на Уставниот суд. Уставниот суд рече дека член 3 треба да се приспособи, но не пропиша на каков начин. Ние сметавме дека соодветен начин е да се оди на референдум. Сега знаеме дека 9 јануари е потврден од страна на народот, кој не беше подготвен да се откаже од тој датум. Никој во Република Српска, ниту сегашните, ниту идните политичари нема да можат да ја занемарат искажаната волја на народота“, рече Додик, додавајќи дека тоа ова бил референдум поради инает.
Тој истакна дека не се плаши од последиците од одржувањето на референдумот, дека тоа не е кривично дело и дека не може да има кривично гонење, а ако некого приведат, „треба да ги приведат сите членови на Народното собрание на Република Српска, па и народот“.БАЊА ЛУКА (АА) - Република Српска го покажа својот политички капацитет и волја, РС со гласањето не сакаше да го загрози никого, изјави Милорад Додик, претседател на Република Српска, синоќа во своето обраќање до новинарите во Бања Лука, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој наведе дека ова е прв референдум во Република Српска по Дејтонскиот мировен договор и истакна дека е благодарен на сите политички фактори кои го поддржаа и повикаа на референдум.
„Благодарен сум му на секој поединец во Република Српска, кој излезе на референдум. Еден значителен број на население на Република Српска од бошњачка националност очигледно не излезе на референдумот, а горд сум што немаше никакви инциденти, никој за тоа не им замери, тоа е нивен политички став како што е наш став да излеземе на овој референдум”, рече Додик.
Наведе дека оние кои излегоа на референдумот покажале политичка зрелост и решителност.
"Дефинитивно имаме позитивни резултати од референдумот. Излезноста е сосема доволна во согласност со законот, а како што говорат прелиминарните податоци сосема мал е бројот на оние коишто гласале спротивно од "да". Изразувам задоволство од завршениот ден кој несомнено ќе влезе во историјата на Република Српска и многумина ќе се повикуваат на овој ден, како пример за решителност, за политички амбиент, на она што сме го работеле, затоа што ние веруваме дека имавме право на тоа и покрај сите забрани. Одлуката за референдумот беше прва во спроведувањето на одлуките на Уставниот суд. Уставниот суд рече дека член 3 треба се прилагоди но не пропиша на каков начин. Ние сметавме дека адекватен начин е да се оди на референдум. Сега знаеме дека 9 јануари е потврден од страна на народот кој не беше подготвен да се откаже од тој датум. Никој во Република Српска, ниту сегашните ниту идните политичари нема да може да ја занемари искажаната волја на народот", рече Додик, додавајќи дека тоа ова бил референдум поради инает.
Тој истакна дека не се плаши од последиците од одржувањето на референдумот, дека тоа не е кривично дело и дека не може да има кривично гонење, а ако некого приведат, "треба да ги приведат сите членови на Народното собрание на Република Српска", па и "народот".