Gökhan Kurtaran
21 Февруари 2016•Ажурирај: 23 Февруари 2016
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон тврди дека со останувањето во Европската унија, Велика Британија би била уште посилна и повлијателна земја, а дека нејзиниот излез од Европската унија би бил „чекор во темнината”, јавува Anadolu Agency (АА).
Граѓаните на Велика Британија на референдумот на 23-ти јуни оваа година ќе одлучуваат за останување или напуштање во Европската унија а британскиот премиер Камерон тврди дека во преговорите со лидерите на ЕУ договорил Велика Британија да има посебен статус и најави дека ќе води кампања за останување на Велика Британија во Унијата.
„Го посакувам најдоброто за Велика Британија, а најдобро е да остане во ЕУ. Сметам дека со останувањето во Унијата би биле многу посилни и би можеле лесно да ги решиме заедничките проблеми на овој голем заеднички пазар”, рече Камерон.
Истакнувајќи дека останувањето во Европската Унија е подобар избор од аспект на поголема безбедност во Велика Британија, бидејќи така би се водела поефикасна заедничка борба против криминалот и тероризмот, Камерон изјави дека излегувањето од ЕУ е само чекор во темница во време кога во светот постои криза и нестабилност.
Камерон рече дека сите членовите на Владата на Велика Британија на вчерашната седница го поздравија постигнатиот договор со ЕУ, и дека 23 од 29-те министри рекоа дека останувањето во ЕУ е најдобрата опција за Лондон.