Andaç Hongur
18 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговори со геманската Канцеларка Ангела Меркел и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, при што доби пораки на поддршка, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извори од претседателството на Турција се дознава дека претседателот на Турција Ердоган разговарал телефонски со германската канцеларка Ангела Меркел, при што Меркел истакнала дека обидот за пуч е неприфатлив и дека Германија стои покрај демократски избраната влада на Турција.
Ердоган оствари телефонски разговор и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Во разговорот, Столтенберг истакнал дека во една земја-членка на НАТО нема место за пуч и дека нема да биде дозволен обид за воен пуч. Тој соопшти дека НАТО ќе ја даде сета потребна поддршка на раководството кое е регуларно избраното на избори.