Admir Fazlagikj
01 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими Генералниот секретар на ОБСЕ, г. Ламберто Заниер, соопштија од Кабинетот на претседателот Иванов, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што информираат од кабинетот, на средбата претседателот Иванов посочи дека Република Mакедонија ја цени соработката и поддршката што ОБСЕ ја дава во повеќе области, особено вовладеење на правото, изборниот процес и законодавство, поддршка на области како што се полицијата и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи и соживот.
"Во таа насока, беше разговарано за исполнувањето на политичкиот договор од Јуни/Јули и тековните активности кои се преземаат за организирање на престојните предвремени парламентарни избори, при што од особено значење е и улогата на ОБСЕ во обезбедувањето на фер и демократски слободни избори. Во однос на актуелните предизвици со мигрантската и бегалската криза, македонскиот претседател истакна дека дозвола за влез и транзит низ Република Македонија добиваат само лица на кои им е потребна меѓународна заштита, бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан", пишува во соопштението.
" Претседателот Иванов нагласи дека за навремено и адекватно справување со заканата од илегална миграција е потребно распоредување на ФРОНТЕКС на грчко - македонската граница, како и интензивирање на координацијата и комуникацијата со грчката полиција и служба. Македонскиот претседател и Генералниот секретар на ОБСЕ разменија и мислења во врска со безбедносната состојба во земјава и регионот" , известуваат од Кабинетот на претседателот Иванов.
Во врска со справувањето со безбедносните предизвици, клучен проблем според претседателот Иванов претставува "недоволната размена на податоци, недоволната координација и соработка меѓу безбедносните служби во регионот".