Övünç Kutlu
04 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) се одржуваат 59. претседателски избори на кои гласачите бираат помеѓу актуелниот претседател, републиканецот Доналд Трамп и неговиот ривал од редот на демократите Џо Бајден, поранешниот американски потпретседател, а првите гласачки места се затворени на полноќ по средноевропско време, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се работи за гласачките места во деловите на Индијана и Кентаки, додека гласачките места во првите клучни „колебливи држави" (swing states) се затвораат во Џорџија во еден час наутро по средноевропско време. Половина час подоцна се затвораат гласачките места во Северна Каролина.
Бајден резултатите од изборите ќе ги следи во сојузната држава Делавер,а Трам во Источното крило на Белата куќа.
Гласачите во САД бираат претседател на државата, но и комплетен нов состав на Претставничкит дом кој брои 435 мандати, и 35 од вкупно стотина членови на Сенатот.
Сојузните држави поставија различни рокови за праќање на пополнетите гласачки ливчиња, што, во случај на неизвесна трка, би можело да доведе до тоа да победикот не биде познат во изборната ноќ.
Изборниот систем во САД е специфичен и комплициран, со оглед дека не победува нужно кандидатот кој ќе освои највеќе гласови на ниво на целата земја, туку оној кандидат кој ќе добие најмалку 270 од 538 таканаречени електори. Гласачите не се определуваат директно за Трамп (74) или Бајден (77), туку бираат електори, демократи или републиканци, кои во декември формално бираат претседател (електорски колеџ). Тој завршен изборен чин е формалност, со што победникот на изборите се зне нешто по изборите.
Кандидатот кој ќе победи во една сојузна држава ги добив сите нејзини електори, освен во Мејн и Небраска. Електорите на Мејн и Небраска кандидатите можат да ги поделат, зависно од резултатите на ниво на изборните единици на тие држави.
Според последните анкети, предност на денешните избори има Бајден, но исходот на изборите ќе зависи од резултатите во 13 „колебливи" сојузни држави, односно во Тексас (38 електори), Флорида (29), Пенсилванија (20), Охајо (18), Џорџија (16), Мичиген (16), Северна Каролина (15), Аризона (11), Висконсин (10), Минесота (10), Невада (6) Иова (6) и Њу Хемпшир (4).
Со посебно внимание ќе се чекаат резултатите на Флорида, која традиционално е упориште на неизвесна трка, а аналитичарите тврдат дека изборната победа би била многу извесна ако ги освои електорите на Флорида.