Emin Avundukluoğlu
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
ВИЛНИУС (AA) - Рускиот опозициски политичар и поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров во петок рече дека Владимир Путин, претседателот на Русија има за цел да ја подели Европа и дека не ги крие тие свои амбиции, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на Слободниот руски форум во литванскиот главен град Вилниус, Каспаров остро ја критикуваше политиката на Путин. Го обвини дека руските напади во Сирија доведоа до влошување на состојната на теренот и дека доведоа до тоа луѓето да бегаат во Европа.
„Примарната цел на Путин е да ја подели Европа, а при тоа тој не ја крие таа своја желба", рече шаховскиот велемајстор.
Каспаров смета дека Русија намерно сака да ја влоши состојбата во Сирија и дека сака да го ослаби НАТО пактот.
„Многу е мала можноста Русија да започне војна против НАТО сојузот. Затоа што Москва знае дека тој обид би предизвикал воен одговор од НАТО", нагласува Каспаров.
Владеењето на Путин во Русија прославениот шаховски ас го окаректеризираше како "фашистичка диктатура" додавајќи дека во овој момент во Русија е невозможно да се се критикува Путин.
Во својата книга "Доаѓа зима" која е објавена минатата есен, Каспаров го обвинува западот и Соединетите Американски држави дека се преблаги кон Путин.Помеѓу останатото во книгата тврди дека Русија мора да се трансформира од диктатура во демократија.
"Откако Путин, поранешниот агент на КГБ, 1999 година стана стана руски претседател, западните земји и САД не направија ништо да го спречат да стане диктатор и покасно меѓународна закана", рече Каспаров.
Во својата книга "Доаѓа зима" која е објавена минатата есен, Каспаров го обвинува западот и Соединетите Американски држави дека се преблаги кон Путин.Помеѓу останатото во книгата тврди дека Русија мора да се трансформира од диктатура во демократија.
Каспаров 2005 година објави дека се повлекува од шахот и дека ќе и се посвети на политиката. Тогаш рече дека смета дека е неопходно да направи се што е во негова моќ за отпор на диктатурата на Путин. Тој е лидер на либералната опозиција Комитет 2008, која се залага за враќање на демократијата во Русија. Интересно, Каспаров освен руско, поседува и хрватско државјанство кое го доби 2014 година.