Kasım İleri
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Државниот секретар на САД, Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров преку телефон дискутираа за перспективите на билатералната соработка во Сирија, според Стејт департментот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тие разговараа за Сирија, и за работата што нашите два тима оваа недела ја вршат во Женева, во обид да ги разработат техниките детали на овие предлози за прекинување на непријателствата”, вели порпаролот.
„Двајцата лидери исто така разговараа за опозициските групи, или опозициските борци кои се придружиле поради која било причина на групите Ал Нусра или ДАЕШ“, вели тој.
Кери и Лавров последен пат се состанаа минатиот петок за да разговараат за преостанатите „технички прашања“ што треба да се разрешат пред да започне која било координирана операција.
Портпаролот ја повтори долгорочната стратегија на САД во Сирија: „целосна, обединета, плуралистичка Сирија која има влада што ги претставува гласовите на сите Сиријци”.
Одговарајќи на прашањето во врска со аспирациите на ПЈД и ЈПГ поврзани со ПКК, за автономијата на земјата разорена од војна, Кирби изјави дека останува на Сиријците дали тие сакаат федерална земја.
Тој додаде дека ним им е потребна целосна, обединета и плуралистичка Сирија.