Stipe Mayiç
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
ЗАГРЕБ (AA) - По завршените консултации со претставниците на парламентарните партии по рушењето на Владата во Собранието, претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, апелира Саборот што поскоро да се распушти, јавува Anadolu Agency (AA).
Грабар Китаровиќ изјави дека никој нема парламентарно мнозинство за да може да го стекне статусот на мандатар. Таа истакна дека повеќето од пратениците се за распишување на предвремени парламентарни избори.
Со оглед дека уставниот рок за време на обавување на консултациите не можат да го скратат, а почитувајќи ја желбата на повеќето граѓани и пратеници за изборите, претседателката го повика претседателот на Саборот расправата за самораспушање на Саборот да се одржи што поскоро.
За терминот на изборите и предлогот тоа да биде септември, претседателката на Хрватска ќе одлучи „кога за тоа ќе дојде време".