Stipe Mayiç
23 Декември 2015•Ажурирај: 24 Декември 2015
ЗАГРЕБ (АА) - По петтиот и последен круг консултации на пратениците и партиските челници кај претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателката потврди дека нов хрватски премиер на предлог на „Мост“ и Патриотската коалиција ќе биде Тихомир Орешковиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Тихомир Орешковиќ ѝ приложи на претседателката 78 потписи од пратениците од хрватскиот Сабор, што претставува мнозинство потписи со кои Орешковиќ стекна легитимитет за премиер.
Претседателката потврди дека Орешковиќ ја има довербата на мнозинството во Саборот и му го довери, и службено, мандатот за состав на 13-та по ред хрватска Влада.
Седницата за новиот состав на Саборот, претседателката ја свика за 28-ми декември.
Орешковиќ ѝ се заблагодари на претседателката на доверениот мандат и порача дека ќе состави квалитетна Влада за решавање на состојбата во Хрватска.
„Единствена цел ни е заедно да работиме, за утре да ни биде подобро од денес“, порача новиот хрватски премиер Тихомир Орешковиќ, кој е непартиско стручно лице со искуство во полето на економијата.