Ekipa
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ѝ е благодарен на Словенија за понудата да биде домаќин на неговата прва средба со Доналд Трамп, претседателот на САД, додавајќи дека тоа зависи од Вашингтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за Кремљ, по состанокот со претседателот на Словенија, Борут Пахор, Путин изјави дека Русија ги поздравува изјавите на Трамп за потребата да се подобрат руско-американските односи.
Тој додаде дека Русија ја чека администрацијата на Трамп да се подготви за дијалог, и истакна дека Москва и Вашингтон заеднички би можеле да се занимаваат со прашањата за терористичката закана и за другите глобални предизвици.
Путин му се заблагодари на претседателот на Словенија за неговата подготвеност да организира средба со Трамп. Тој нагласи дека одржувањето на таквиот состанок ќе зависи од САД.
Денес словенскиот претседател Борут Пахор ја започна дводневната работна посета на Русија. За време на состанокот со рускиот претседател, изразена е надеж дека оваа посета ќе придонесе за оживување на економската соработка меѓу двете земји.