Admir Fazlagic
10 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денска учествува на меѓународната конференција за миграции што се одржува во Виена, Австрија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за надворешни работи конференцијата е во организација на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ICMPD) со седиште во Виена.
Министерот Попоски ќе има обраќање на панел на високо политичко ниво посветен на европските политики за мигранти и бегалци.
Конференцијата ќе ја отворат МНР на Австрија, Себастијан Курц и Генералниот Директор на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика Михаил Шпинделегер, а предвидено е учество и на евро-комесарот Јоханес Хан, Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и други високи претставници на држави-членки на ЕУ и други меѓународни организации.
На маргините на конференцијата, Попоски ќе оствари и повеќе билатерални средби, информираат од Министерството за надворешни работи.