Besar Ademi
15 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претставниците на четирите најголеми политички партии во Македонија утрово се сретнаа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје, со цел да ги продолжат преговорите и да се обидат да постигнат решение за нерешените прашања од Договорот од Пржино, јавува Anadolu Agency (AA).
Според неофицијални информации на средбата се разговараше и за овластувањата на министерот за внатрешни работи во текот на периодот на преодната влада, за кој ВМРО-ДПМНЕ предлага да има ограничени овластувања, додека пак СДСМ го предлага спротивното.
Неофицијално се дознава дека на учесниците во преговорите им е даден предлог од страна на амбасасодите на ЕУ и САД, Орав и Бејли, кои помагаат во преговорите со цел да се изјаде решение, но предлогот бил одбиен од сите учесници. Сепак, неколку часа по разговорите Бејли останува оптимист дека ќе се постигне решение наскоро.
„Имавме уште една добра сесија денеска. Постигнавме одреден напредок. Зборувавме за многу чувствителни прашања и одлучивме да им оставиме простор на партиите да размислат во текот на викендот. Ќе ги продолжиме разговорите следната недела. Останувам оптимист дека доколку постои политичка волја овие прашања може да се решат и дека Македонија ќе може да оди напред", изјави амбасадорот Бејли.