Onur Usta
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Француската министерка за правда, Кристијан Tобира поднесе оставка за време на расправата за уставни реформи во земјата, јавува Anadolu Agency (АА).
Од канцеларијата на францускиот претседател Франсоа Оланд соопштија дека тоj ја прифатил оставката на министерката и дека на нејзино место е назначен Жан Жак Урвас.
Француската влада наскоро ќе треба да го достави до Собранието предлог за уставни реформи, со цел да се овозможи продолжување на вонредната состојба и одземање на француско државјанство на осомничените за тероризам. Tубира е противи одземање на државјанството.