Hasan Tosun
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ВИЕНА (АА) - Претседателот на Владата на Австрија, Вернер Фејман, поднесе оставка на функцијата шеф на австриската влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Австрискиот канцелар поднесе оставка и на местото претседател на Социјалдемократската партија, со која раководеше од 2008 година.
Вернер Фејман е роден во 1960 година во Виена, оженет е и има две деца. Функцијата на канцелар ја извршуваше од 2-ри декември 2008 година.