Fatjon Cuka
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ТИРАНА (АА) - Албанскиот премиер за време на регионалниот состанокот со експерти и дипломати за безбедносни прашања и борбата против тероризмот зборуваше за соработката меѓу државите во врска со ова прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Според него, реформата на правосудниот систем го отвора патот за преговори за интеграција на земјата во ЕУ.
„Единствениот начин да се заштитиме е соработка. Екстремизмот е вирус кој може да убие, постои потреба од стратегии против тоа", рече Рама.
Рама во својот говор се осврна и во областа на безбедноста, каде нагласи дека националната безбедност е поврзана со потребата за заедничка безбедност.
„Предизвиците, заканите, ризици и тешките напади не тераат да разговараме за потребата од заедничка безбедност. Екстремизмот е сериозна опасност од која единствениот начин да се заштитаме е соработка и координација меѓу земјите ", рече Рама.
Албанскиот премиер ја повтори идејата за воспоставување на регионален центар со седиште во Тирана, кои би работел во областа на борбата против екстремизмот.
На овој состанок присутни беа и странски дипломати, експерти за безбедност и претставници на граѓанското општество кои се занимаваат со безбедносни прашања.