Malik Hasa
31 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, во рамките на работната посета на Франција, во Париз одржа средба со францускиот претседател Франсоа Оланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на албанската Влада, за време на состанокот со Оланд, во присуство на министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, и францускиот државен секретар за европски прашања, Харлем Десир, се потврди посветеноста на Франција за обезбедување значајна ориентираност за евроинтеграциските политики во однос на Албанија, особено преку конференцијата во Париз и нова агенда на Франција за регионот, почнувајќи од септември.
Во соопштението се вели дека претседателот Оланд ја пофалил стабилизирачката улога на Албанија во регионот, го поттикнувал остварувањето на реформите во правосудството и истакнал дека Албанија е на добар пат во процесот на отворање на преговорите.
„Една посебна проценка за Албанија и за работата на Владата беше економската обнова и борбата против верскиот радикализам, каде што Франција има намера да учествува преку големи инвестиции како што се на ТАП-ИАП”, се вели во соопштението од Кабинетот на премиерот.
Во меѓувреме, во специјална церемонија во Елисејската палата, претседателот Франсоа Оланд на писателот Исмаил Кадаре му ја додели титулата „командант на Легијата на честа”.