????? ??????????-???????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) – По шест години во Сараево се состана Постојаниот заеднички одбор на високите претставници на земјите наследници на бивша Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), кој, досега тече во најдобар ред, пишува Anadolu Agency (AA).
Со состанокот претседава заменик претседателот на Советот на министри и министер за финансии и трезор на БиХ, Вјекослав Беванда, кој во изјава за медиумите по првиот дел на седницата рече дека последниот состанок е одржан во Белград, 2009 година, па повторното собирање на претставниците на споменатите земји е посебен успех.
„Многу прашања се нерешени и недефинирани. Состанокот тече во добар дух на разбирање и почит каде изнесуваме сè, застапувајќи ги интересите на своите држави. Го завршивме првиот круг разговори за сите анекси и за најголем дел анекси препораките се усогласени. Тие денес ќе бидат дефинирани, од анекс до анекс. Имаме во некои работи несогласувања и поинакви ставови. Сето тоа во добра мера е лишено од политика“, рече Беванда.
Додаде дека верува дека во добра атмосфера, препораките ќе се издефинираат до крајот на денот, кога сите претставници ќе излезат пред медиумите. Договорот за сукцесија, кој е потпишан на 29-ти јуни 2001 година во Виена, а стапи на сила на 2-ри јуни 2004 година, ги дефинира БиХ, Хрватска, Македонија, Словенија и Сојузна Република Југославија како пет суверени рамноправни држави, наследници на бивша СФРЈ.
Споментите држави во Договорот се обврзани да ги решат прашањата за сукцесија на државите кои се појавија по распадот на СФРЈ.