Admir Fazlagikj
15 декември 2015•Ажурирај: 15 декември 2015
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ, соопштија од Кабинетот на претседателот Иванов, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на билатералната соработка во сферата на безбедноста, бегалската и мигрантската криза, како и безбедносните предизвици со кои се соочува регионот.
"Двајцата соговорници изразија целосна подготвеност за тесна соработка во борбата против терористичките закани и борбата против сите форми на организирани криминални активности. Посочувајќи дека странските борци ја користат балканската бегалска рута, претседателот Иванов и министерот Мектиќ, укажаа на потребата одпоинтензивна регионална соработка и воспоставување на подобра комуникација и координација меѓу безбедносните служби во регионот" , пишува во соопштението.
На средбата беа разменети мислења и за соработката, размена на искуства и заеднички настап пред меѓународните организации, со цел имплементација на мерките за де-радикализација и контра-радикализација.