Ivana Ramadanova
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Специјалното јавно обвинителство започнува предистражна постапка за предметите поврзани со изброните нерегуларности, објави на пресконференцијата обвинителката Ленче Ристоска од тимот на специјални обвинители, јавува Anadolu Agency (AA) .
Одлуката е донесена врз основа на јавно објавените материјали и преземените предмети, при што се покажало дека постои основано сомевање дека се работи за предмети кои се во нивна надлежност. СЈО не сакаше да ја открие бројката на кривични дела кои ги опфаќаат тие нерегуларности и кој би бил за нив одговорен.
Ристоска за сторијата која ја објави неделникот "Фокус" а се однесува на скандалот со фалисификуваните лични карти, појасни дека ќе биде дел од кривичните дела, додавајќи дека во моментов тој предмет е во Основното јавно обвинителство.
"До Специјалното јавно обвинителство стасале не само петте предмети што ги побараа од обвинителствата во државата, туку и сите останати предмети, освен оној од Кумановското Јавно обвинителство, кој што се очекува да пристигне. Меѓу предметите е и предметот кој што е познат во јавноста како „Пуч“ ", изјави Рстоска.
Од СЈО велат дека во предвидениот законски рок од 8 дена ќе бидат донесени одлуки за стварната надлежност на сите предмети, додавајќи дека до Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии, како и до Управата за финансиска полиција е поднесено барање да им бидат доделени 11 истражители во согласност со Законот за кривична постапка.
Во однос на досието "Ровер" од СЈО информираат дека до нив не се доставени никакви материјали и аудио снимки, повикувајќи го Љубе Бошковски доколку поседува такви материјали да ги достави.
Во моментов специјалното јавно обвинителство има ангажирано само двајца истражители, но дека очекува тимот да се дополни со уште 11. Во врска со Законот за јавнообвинителска служба беше посочено дека тоа не е во доменот на специјалното обвинителство, туку дека постои законска продецура која зависи од други државни органи.