????? ????????
26 Октомври 2015•Ажурирај: 30 Октомври 2015
Без разлика што во последните неколку дена Унгарија ја затвори границата за бегалците, а Словенија тоа го направи привремено, бројот на бегалци и мигранти не се намалува. Напротив, нивниот број се зголемува, а според зборовите на активисите кои веќе со месеци се на терен овие денови се очекува нов бегалски бран, јавува Anadolu Agency.
Активисти на невладините оргнизации кои учествуваат во справување со бегалската криза информираа дека пред четири дена за само 24 саати околу 13 илјади бегалци ја помина македонската јужна граница.
“Пред два дена повеќе од осум илјади бегалци влезе во македонска територија, а во наредните саати и денови исто така, очекуваме голем број на бегалци” изјави за АА, Лоренцо Леонели кој е теренски менаџер на УНХЦР.
По прифатните центри во Гевгелија и Табановце, бегалците ги имаат сите услови да се одморат накратко и да го продолжат патот под земјите од западна Европа.
Леонели истакна дека во рамките на прифатниот центар УНХЦР ќе гради монтажни бараки, кои се адаптирани за зимски услови.
Во Табановце се поставени две монтажни бараки, а во наредните денови ќе се постават уште четири монтажни бараки во кои ќе има греење, а тампонирана е и патеката која води до границата, за да бегалците не би газеле по калта.
Активистите на хуманитарните организации кои учествуваат во справување со бегалската криза, информираат дека сите заедно немаат доволно капацитет да одговорат на хуманитарните потреби на бегалците доколку се случи да бегалскиот бран во наредните денови продолжи со исто темпо, поради што апелираат граѓаните да помогнат со донации.