????? ?????
20 ноември 2015•Ажурирај: 20 ноември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - И покрај неодамнешните терористички напади во Париз, во Македонија бранот на бегалци од земјите од Блискиот Исток не стивнува. Од Агенцијата ОН за бегалци (УНХЦР) информираат дека на дневна основа, на територијата на Македонија влегуваат од пет до 10 илјади бегалци.
Екипата на АА за време на посетата на бегалскиoт камп во близина на јужната граница на земјата примети големи групи на бегалци кои се преплашени и убедливо негираат дека нападите во Париз се извршени од страна на муслиманите.
Еден од преплашените бегалци од Сирија, Али Салах, рече дека терористичкиот напад во Париз не е извршен од страна на Арапите и муслиманите.
„Тој напад за кој се зборува последните неколку дена не е напад од страна на Арапите. Секој може да направи такво нешто и да каже дека е Арап, но мислам дека не е ни Aрап, ниту муслиман. Ние немаме друг избор,ние мораме да ја напуштаме земјата, каде што преовладува насилството" , рече тој.
Во бегалски камп постојат бегалци кои се плашат од она што ги очекува кога ќе пристигнат во eвропските земји. Калид од Сирија, рече дека последниот напад ги плаши бегалците, бидејќи според него, овие ужасни вести влијаат на бегалците, кои само сакаат да бегаат од војната и насилството.
"Секој е одраз на самиот себе си, па иста така и терористите. Тие не ја одразуваат нацијата, земјата или религијата. Кога ќе се прават грешки, не можеме да кажеме дека поради религијата и нашата земја, но ние грешиме поради нашиот болен ум. Ако сте навистина лоша личност, не значи дека сте поради религијата, земјата или вашата култура ", изјави Калид. ******Блиску до Калид беше девет-годишното дете, коe заедно со својот чичко тргна кон Европа.
Ова мало дете, вели дека е тргнато кон Европа да работи, а да може од Сирија во Европа да дојдат неговите родители, кои моментално се наоѓаат таму.
"Сакам да одам во Германија на работа, а потоа да ги земам и татко ми и мајка ми да живееме заедно, затоа што во мојата земја има војна", рече деветгодишното дете од Сирија.
Пред влезот во кампот се наоѓаше и сириецот Азиз Ахмад, кој рече дека не се плашат од нападите во Париз, па дури и тоа не ги запре да стигнат до својата посакувана дестинација.
Во мојата група нема терористи. Ние се знаеме едни со други и не се плашиме да патуваме кон нашата посакувана дестинација, бидејќи ние не сме терористи. Немаме никакви лоши намери. Ние сме само обични луѓе со деца и сакаме подобра иднина за нив ", изјави сирискиот бегалец Азиз Ахмад.