Ivana Ramadanova
02 декември 2015•Ажурирај: 03 декември 2015
СКОПЈЕ (АА) – "Република Македонија ги исполни условите за да добие покана за членство во НАТО уште во 2008 година на Самитот во Букурешт, меѓутоа заради познатата пречка ние сеуште не можеме да добиеме покана", изјави Министерот за одбрана Зоран Јолевски, јавува Anadolu Agency (AA) .
“Им честитаме на нашите пријатели од Црна Гора и горди сме што и они добија покана за членство во НАТО“, вели Јолевски.
Јолевски додаде дека Македонија ќе продолжи и понатаму да работиме со цел да влеземе во НАТО.
“Собранието вчера донесе одлука за упатување на нов контигент на војници, со што покажуваме дека сме целосно посветени во овој процес. Сигурен сум дека поканата за Македонија ќе дојде наскоро бидејќи ние интензивно работиме на тоа”, додаде Јолевски.