Elvir Bucalo
02 декември 2015•Ажурирај: 03 декември 2015
БРИСЕЛ (АА) - Со денешната одлука на министрите за надворешни работи на НАТО, Црна Гора да биде повикана во членството, оваа земја официјално започнува процес на преговори за придружување на воениот сојуз, јавува Anadolu Agency (АА).
"Ова е добар ден за Црна Гора, добар ден за Западен Балкан и за Алијансата", рече по повод донесувањето на одлуката генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Уште од 2009 година НАТО и Црна Гора интензивно работат на Акционата програмаа за полноправно членство- МАП што е крунисано со денешната покана за приклучување.
"Уште многу работа е пред нас" , напомена генералниот секретар на НАТО и додаде: "Црна Гота мора уште посилно да продолжи со реформи, прилагодувајќи ги своите одбранбени капацитети, работејќи на вкупните реформи во општеството посебно кога станува збор за владеење на правото и борбата против корупцијата како и обезбедување на поддршка од својата јавност за членство во воениот сојуз." Самите преговори за придружување на Црна Гора во НАТО треба да започнат веќе во првите денови во наредната година.
По нивното заклучување, воениот сојуз и Црна Гора потпишуваат документ за пристапување, кои стапува на сила кога ќе го потврди и националниот парламент на 28-те НАТО членки. По завршувањето на тој процес, Подгорица и формално ќе стане полноправна 29 членка на Алијансата.