Abdula Berisha
16 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Северна Македонија и со поддршка од Националниот демократски институт, во Собранието се одбележа 15 Септември – Меѓународниот ден на демократијата, јавува Anadolu Agency (AA).
На настанот присуствуваа млади луѓе, средношколци и студенти, кои ги промовираа своите активности, а присутни беа и амбасадори на странски држави во земјата.
Настанот го отвори претседателот на Собранието, Талат Џафери, којшто во своето обраќање ги охрабри младите за поголем младински активизам, изјавувајќи дека тие се чувари на демократијата.
„Драги млади, охрабруваме и поздравуваме различни видови на младински активизам и придонес за општеството, затоа што веруваме дека демократијата, без формите на активизам и без активно учество на граѓаните, пред сѐ на младите, во процесите на креирање политики е ранлива и секогаш на раб на опстанок“, рече Џафери.
Претседателот на Собранието, исто така порача младите да ја искористат својата креативност и да креираат иницијативи, и истакна дека е предност фактот што Северна Македонија има мултикултурно и мултиетничко општество.
Во текот на настанот младите имаа можност на пратениците да им ги упатат своите поплаки и забелешки.