Ali H. M.Abo Rezeg
23 Јули 2017•Ажурирај: 23 Јули 2017
ЏЕДА (AA) -По состанокот со кралот Селман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана и со саудискиот принц Мохамед бин Салман, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на дводневата турнеја во Заливот, турскиот претседател Ердоган денеска во кралската палата во Џеда се состана со кралот Салман, а потоа одделно се состана и со неговниот син, принцот Мохамед.
Состаноците се одржани без присуство на медиумите, а турскиот претседател од Саудиска Арабија ќе отпатува за Кувајт, а потоа утре и во Катар за да со лидерите на тие земји разговара за актуелната криза во Заливот.
Ердоган во посетата на заливските земји води и бројна делегација турска делегација во чиј состав се и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за одбрана Нуретин Чаникли, начелникот на Генералштабот на турската војска Хулуси Акар и шефот на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ).