Bayram Altuğ
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
ЖЕНЕВА (AA) - Меѓународната организација за миграции (IOM) соопшти дека во првите 11 дена од годината, 192 лица што тргнале кон Европа преку Медитеранот, ги загубија своите животи.
„Почетокот на оваа година беше смртносен за мигрантите“, изјави портпаролот на ИОМ, Џоел Милман, на прес-конференцијата во Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева.
Милман истакна дека 192 мигранти починале во медитеранските води додека се обидувале да ги преминат европските брегови помеѓу 1 и 11 јануари, и наведе дека во истиот период, минатата година, загинале 12 лица.
Портпаролот на ИОМ нагласи дека оваа година 1.476 мигранти минувале низ Европа по морски пат. Од нив 577 стигнале во Италија, 614 во Грција и 285 во Шпанија. Тој потсети дека овој период минатата година вкупно 159 лица пристигнаа во Европа.
Милман, исто така, нагласи дека минатиот понеделник се случила најголемата катастрофа за мигрантите оваа година. Од 150 илегални мигранти што го преминале Медитеранот од Либија, трудејќи се да стасаат во Италија, 64 лица се удавиле по потонувањето на гумениот чамец.
Портпаролот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, Вилијам Спиндлер, ја повика меѓународната заедница и ја нагласи потребата за нови безбедни алтернативи, вклучувајќи ја и семејната кохезија, за да се спаси животот на мигрантите.
Според ИОМ, во 2017 година, бројот на мигрантите што стигнале до Европа преку Медитеранот изнесува 171 илјада, што претставува намалување за половина во споредба со претходната година, а своите животи во Медитеранот ги загубиле 3.116 баратели на азил.