Enes Canlı
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
ТУНИС (АА) - За време на насилните демонстрации што се одржуваат во Тунис, приведени се околу 800 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес е петтиот ден од протестите во Тунис кои започнаа поради зголемување на цените на голем број производи на почетокот од годината. Протестите на илјадници лица се одржуваат на повеќе од 100 локации во земјата.
„Повеќе од половината се приведени, а станува збор за 773 лица, на возраст меѓу 20 и 30 години, потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Халиф ес Сијбани.
Тој истакна дека во однос на претходните денови, синоќа ситуацијата била малку помирна.
Сијбани нагласи дека стапката на насилство на улиците во Тунис е намалена. Тој потврди дека за време на демонстрациите биле запалени повеќе од 80 возила на припадниците на безбедносните сили, како и зградата на полицијата во Касрин.
Демонстрациите започнуваат во вечерните часови, а во текот на вчерашниот ден дојде и до интервенција на припадниците на безбедносните сили.
За време на демонстрациите дојде до насилство односно до грабежи, затворање на патиштата, палење и причинување штета на приватни и јавни објекти. Безбедносните сили реагираа со користење солзавец.
Поради демонстрациите, на 143 места низ земјата, биле распоредени повеќе од 2.000 војници.