İlayda Çakırtekin
22 Мај 2026•Ажурирај: 22 Мај 2026
Едно лице загина денес во експлозија во најголемиот хемиски комплекс во Унгарија, објави премиерот Петер Маѓар на социјалните мрежи, јавува Анадолу.
„Експлозијата се случи утринава во опасниот погон ’Олефин-1‘ на компанијата ’МОЛ групација‘, во моментот кога машините повторно се пуштале во работа по завршениот сервис (одржување)“, изјави премиерот за инцидентот што се случи во градот Тисаујварош, во Северна Унгарија.
„Според првичните информации, едно лице загина, а седум се здобиле со тешки изгореници.“
Маѓар додаде дека противпожарните операции се во тек, но, исто така, потврди дека во воздухот нема отровни материи над дозволеното ниво.