Ekip
11 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на Кабинетот на претседателот на Република Турција Ибрахим Калин изјави дека Турција и Саудиска Арабија донеле одлука за воспоставување заедничка работна група работи на расветлување на случајот на саудискиот новинар и колумнист на „Вашингтон пост", Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин за АА рече дека на предлог на Саудиска Арабија е одлучено да се формира заедничка работна група заради расветлување на спомнатиот случај.
„Во рамките на соработката на Турција и Саудиска Арабија, а на предлог на Саудиска Арабија, одлучено е да се формира заедничка работна група заради расветлуање на сите аспекти на случајот со саудискиот новинар Џамал Кашоги", рече Калин.
Новинарот и колумнистот на весникот „Вашингтон пост" Кашоги исчесна на 2 октомври откако влегол во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Познат е како критичар на политиката која ја води актуелната власт во Саудиска Арабија.
Во Турција е покрената истрага за неговото исчезнување, а репортерот на агенцијата „Ројтерс“ (Reuters) вчера изјави дека Кашоги е убиен во Конзулатот откако бил заложник неколку дена. Истото тврдење го објави и Асоцијацијата на турски и арапски медиуми, од каде што тврдат дека имаат и докази.
Конзулатот на Саудиска Арабија на Твитер објави порака во која ги отфрла наводите на репортерот на „Ројтерс“ за убиство на новинарот во конзуларниот комплекс.