Gülşen Topçu
07 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
ГАЗА (АА) - Во Газа се одржа свечено потпишување на договорот за изградба на првата фаза од болницата во градот Рафа, што ќе ја финансира Катар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Катарскиот комитет за обнова на Газа се наведува дека на свеченото потпишување присуствувале челниците од овој комитет и палестинските политички претставници.
Изградбата на првата фаза од болницата, чии вкупни трошоци ќе изнесуваат 24 милиони долари, ќе изнесува 5 милиони долари.
Болницата ќе биде изградена во квартот Ес-Султан, во западниот дел на Рафа, на површина од 50 декари.
Болничкиот комплекс ќе се состои од неколку згради што ќе бидат опремени со модерна медицинска опрема, а планирано е болницата да биде со капацитет од 355 легла.
Ова ќе биде прва болница изградена во Рафа и се верува дека таа значително ќе придонесе во секторот за здравство и давањето здравствена помош на луѓето од тоа подрачје.