Saadet Gökce
08 Април 2026•Ажурирај: 08 Април 2026
Кина денес го поздрави прекинот на огнот меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, соопштувајќи дека и Пекинг вложил сопствени „напори“ за запирање на воените дејства, јавува Анадолу.
Пекинг ги поздрави напорите вложени од пакистанска страна, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на редовната прес-конференција во Пекинг, одговарајќи на прашање на новинар на Анадолу.
„Кина се залага за прекин на огнот и решавање на конфликтот преку политички средства за да се постигне долгорочна стабилност во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“, рече Мао.
Таа додаде дека Пекинг „вложил сопствени напори во овој поглед“.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека се согласил „да ги прекине бомбардирањата и нападите врз Иран во период од две недели“.
Тој ја соопшти својата одлука помалку од два часа пред крајниот рок што му го постави на Иран за повторно отворање на теснецот и прифаќање на договорот, предупредувајќи дека во спротивно земјата ќе се соочи со она што тој го опиша како уништување на „цела една цивилизација“.