Tevfik Durul
09 Јануари 2019•Ажурирај: 12 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Меѓународната кризна група изјави дека граѓанскиот конфликт во Мјанмар придонел провинцијата Шан, во североисточниот дел на земјата, да стане глобален центар на кристален метамфетамин. Исто така нагласија дека власта наместо малите групи треба да ги спречи високите воени претставници и паравоените групи вмешани во корупцијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната кризна група, во извештај за трговијата со дрога во провинцијата Шан, пишува дека регионот станал центар на конфликти и за производство на кристален метамфетамин.
Во извештајот, исто така, стои дека регионите под контрола на паравоените полицајци и под контрола на бунтовниците се „центри за кристален метамфетамин со висока чистота на глобално ниво“.
„Владата треба да ја удвои борбата против корупцијата и дрогата. Со збогатувањето на трговците со дрога тешко ќе се решаваат основните конфликти“, пишува во извештајот на меѓународната кризна група.
„Армијата наместо малите групи, треба да ги спречи високите воени функционери и паравоени сили вмешани во корупција“, се вели во извештајот.
Армијата на Мјанмар, којашто минатиот месец организираше воени операции во провинциите Качин и Шам, прогласи едностран прекин на огнот, кој ќе трае повеќе од 4 месеци.
- Конфликтот во 2011 година продолжи повторно
Судирите меѓу вооружените групи и владините сили продолжија во 2011 година, по 17-годишниот прекин на огнот. Поради конфликтот, стотици луѓе ги загубија животите, а повеќе од 100.000 луѓе ја напуштија својата татковина.
Во судирите меѓу вооружените групи и владините сили во провинцијата Шан, која се наоѓа на границата со Кина, многу луѓе ги загубија животите, меѓу кои и цивили, а илјадници лица беа раселени.
Армијата на Мјанмар е критикувана за кршење на човековите права на етничките малцинства во различни делови од земјата.
Обединетите нации ги опишаа операциите во провинцијата Аракан во југозападниот дел на земјата како етничко чистење, бидејќи 700 илјади муслимани беа приморани да побараат азил во соседниот Бангладеш.
Во писменото соопштение на Европската Унија од 10 декември, се обрна внимание на „сериозните“ кршења на човековите права во провинциите Качин, Шан и Аракан, во Мјанмар. Истакнато е дека за одговорните високи воени претставници и полицајци се подготвени дополнителни санкции.