Fuat Kabakcı
10 јануари 2019•Ажурирај: 10 јануари 2019
ПЕКИНГ (АА) - Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, изјави дека ќе се залага за одржување на втор состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната кинеска телевизија (CCTV) јавува дека кинескиот претседател Си Ѓипинг во вторникот се сретнал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Големата народна сала во Пекинг.
На состанокот присуствувале и проширените делегации на двете земји, а истиот извор јавува дека Ким Џонг Ун во обраќањето на присутните рекол дека сака нов состанок со Трамп.
„Северна Кореја ќе остане при ставовите за неопходноста за денуклеаризација и решавање на корејскиот проблем со дијалог. Ќе вложиме напори да се одржи и втор Севернокорејско-американски самит за да еволуираме успеси од претходниот Самит кој е одржан на задоволство на целата меѓународна заедница“, изјави Ким Џонг Ун.
Кинескиот претседател Си изјави дека на големо е трасиран процесот на мировните преговори за решавање на повеќедецениските корејски кризи, и порача дека пред Корејскиот Полуостров стои историска можност за политичко решение на кризата.
„И Кина ги поддржува договорите постигнати на првиот Севрнокорејски-американски самит и ги поддржуваме да продолжат со дијалог да ги решаваат стравовите на двете страни. Се надеваме дека тие две земји ќе најдат средина која е прифатлива за сите“, изјави Си.
Централната кинеска телевизија (CCTV) јавува дека кинескиот лидер Си и вчера бил домаќин на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на ручек и забава во Пекинг.
Ким Џонг Ун во официјална посета на Кина допатува во понеделникот, а неговите состаноци беа затворени за медиумите и дури синоќа се објавени некои детали за темите за кои е разговарано за време на билатералните средби.
Зелениот воз на Ким Џонг Ун синоќа го напушти Пекинг.