Kasım İleri,Michael Hernandez
04 Април 2019•Ажурирај: 05 Април 2019
ВАШИНГТОН (AA) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во врска со одлуката на Турција да го купи одбранбениот систем С-400, изјави дека одлуките за набавка на оружје претставуваат национални одлуки на секоја членка на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Вашингтон денес почна состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој е организиран по повод 70. годишнината од основањето на тој сојуз.
На почетокот на состанокот се обрати генералниот секретар на сојузот Столтенберг и се осврна на одлуката на Турција за купување на рускиот противвоздушен систем С-400.
„Одлуките за набавка на вооружување претставуваат национални одлуки на секоја земја членка на НАТО", рече Столтенберг.
Нагласи дека купувањето оружје може да предизвика проблеми меѓу сојузниците и додаде:
„НАТО на сојузниците им пружа можност на решавање на таквите проблеми. С-400 не е тема на денешниот состанок, но очекувам тоа прашање да се разгледа во рамките на активностите на овој состанок бидејќи НАТО е платформа за дебата за такви прашања."
Потсети дека НАТО дава поддршка на Турцја во областа на противвоздушната одбрана и подвлече дека очекува да се реши проблемот во врска со С-400 помеѓу Турција и САД.
На церемонијата во Вашингтон кратко се обрати и шеф на американскиот Стејт Департмент Мајк Помпео, кој рече дека НАТО сојузот е важен механизам против многу закани кои денес се присутни, вклучувајќи ја и руската закана, како и незаконските мигранции и кибер безбедноста.
Помпео рече дека Русија го прекршила Договорот за елиминација на нуклеарни проектили од краток и среден дострел (INF) и дека НАТО го осудил кршењето на тој договор.