Ahmet Dursun
19 Јули 2019•Ажурирај: 21 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, ја отфрли изјавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој синоќа изјави дека американскиот „USS Boxer“ уништил иранско беспилотно летало во Хормушкиот Теснец. Аракчи тврди дека е можно САД по грешка да срушиле сопствено беспилотно летало, јавува Anadolu Agency (AA).
Аракчи на Твитер реагираше на синоќешната изјава на Трамп околу наводното рушење на иранско беспилотно летало.
„Не изгубивме никакви беспилотни летала во Хормушкиот Теснец, ниту на друго место. Загрижен сум дека постои можност американскиот „USS Boxer“ да го срушил сопственото беспилотно летало“, порача Аракчи.
Трамп синоќа изјави дека САД во Хормушкиот Теснец без двоумење уништиле иранско беспилотно летало кое претставувало закана за американскиот брод.
Тензиите во односите меѓу Иран и САД се во пораст уште од мај минатата година, кога САД еднострано се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.