Tuğçenur Yılmaz
02 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, во врска со изјавата на Министерството за надворешни работи на САД дека ПКК ќе остане на листата на странски терористички организации, рече: „Од нашиот сојузник САД очекуваме да покажат ист пристап и за ПЈД/ПКК, кои се ограноци на ПКК во регионот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Аксој писмено одговареше на прашањето во врска со изјавата на Министерството за надворешни работи на САД, во која беше истакнато дека ПКК, која од 1997 година ја сметаат за терористичка организација, ќе продолжи да биде на листата на терористички организации.
„За нас е важно што во изјавата на Министерството за надворешни работи на САД е укажано на одлучноста на борбата против ПКК. Од нашиот сојузник САД очекуваме да покажат ист пристап и за ПЈД/ПКК, кои се ограноци на ПКК во регионот“, рече Аксој.
Инаку, Министерството за надворешни работи на САД изјави дека ПКК, која од 1997 година ја сметаат за терористичка организација, ќе продолжи да биде на листата на странски терористички организации.