?????
10 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
ВАТИКАН (AA) - Врховниот поглавар на Католичката црква, папата Франциско, денес, за време на неделната миса во Ватикан крштеваше 26 новороденчиња, 13 момчиња и исто толку девојчиња, јавува Anadolu Agency (АА).
Малечките од кои некои го носат токму името Франциско, за време на средбата со папата плачеа, а некои од нив спиеја во прегратките на своите родители.
Папата Франциско им посака добредојде во Католичката црква за време на церемонијата по повод одбележувањето на Денот на крштевањето на Исус Христос.
Сикстинската капела во Ватикан денес беше исполнета со голем број католички верници.
Папата Франциско ги повика родителите да ги учат децата за верата. Како што тоа го правеше и минатите години, тој ги советуваше мајките да ги прехранат своите деца.
"Еден совет до мајките, кога бебето плаче затоа што е гладно, нахранете го. Слободно можеш да го нараниш и овде", рече папата Франциско.