Muhammet Kurşun
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Министерот за внатрешни работи на Иран, Абдулриза Рахмани Фазли, истакна дека економските санкции на Соединетите Американски Држави (САД) врз неговата земја негативно влијаат врз околу 3 милиони бегалци во Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Фазли имаше свое обраќање на програмата организирана во Техеран по повод Меѓународниот ден за мигранти, каде што зборуваше за состојбата на бегалците во земјата.
Тој нагласи дека меѓународната заедница треба да вложи напори, со цел да се обезбеди стабилност и безбедност во земјите каде што има миграции, и бегалците да се вратат во своите домови.
Министерот напомена дека американските санкции претставуваат важна пречка пред хуманитарната помош на Иран за бегалците.
„Економските санкции на САД негативно влијаат врз пружањето на потребните услуги за бегалците, и ја отежнуваат борбата против нерегуларната миграција кон Европа и борбата против наркотици“, додаде тој.
Фазли истакна дека милиони бегалци од соседните земји доаѓаат во Иран, и дека секоја година се подготвуваат идентификациски карти за 1 милион лица, и дека на над 1 милион лица им се овозможува курс за описменување.
Тој информираше дека овозможуваат бесплатно образование за 480.000 деца Авганци во Иран, и дека од 2015 година досега истите лица можат да ги користат здравствените услуги како иранските државјани.
Според него, меѓународната помош, што ја добиваат во оваа насока, покрива само 8 отсто од трошоците, и целиот товар е на Иран.
Министерот Фазли упати апел до актерите во Авганистан и до меѓународната заедница да ги подобрат условите во Авганистан, со цел авганистанските бегалци да се вратат во нивните домови.