ПАРИЗ (АА) - Во рушењето на мостот во местото Мирпуа-сур-Тарн кое се наоѓа во јужниот дел на Франција, загинаа две лица, додека пет лица се здобија со лесни повреди, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на гувернерството на Горна Гарона, две лица загинаа, меѓу кои и 15-годишно девојче, во рушење на мостот долг 155 метри во Мирпуа-сур-Тарн кој се наоѓа 30 километри јужно од Тулуз.
Се вели дека во несреќата пет лица се здобија со лесни повреди, додека најмалку едно лице се води како исчезнат.
Во случајот, четири лица се спасиле пливајќи во морето, додека едно возило, една камионета и еден члепер паднале во ова море.
Во местото на настанот се упатени пожарникарски екипи.
Започната е истрага во врска со овој случај.