Abdurrezak Abdullah
18 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
АЛЖИР (AA) - Околу половина милион луѓе во Алжир останаа без работа поради затворање на приватните фирми кои се доведени во врска со корупција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Форумот на алжирските стопанственици Сами Аклили потврди дека луѓето се обвинети бидејќи по истрагата за корупција се затворени некои приватни фирми.
Како што рече, најмногу е погоден секторот за наводнување и градежништвото.
Акили рече дека се затвораат 70 отсто од фирмите во овие сектори и дека „владата не нуди никакво решение за тоа."
„Напротив, имотот на компаниите со финансиски потешкотии е замрзнат", рече тој.
Неколку месеци оваа година траеја протестите против планот на претседателот да се кандидира за петтиот мандат, 82. годишниот Абдулазиз Бутефлика ги одложи изборите закажани за 18 април и ја подвлече кандидатурата.
Граѓаните на Алжир продолжија со масовни демонстрации во неколку градови, обвинувајќи го Бутефлика за неуставно продолжување за својот четврти мандат на позицијата претседател, кој би требало да истече наредниот месец.
Во февруари алжирскиот Национален либерален фронт го кандидираше Бутефлика за петтиот претседателски мандат. Бутефлика е претседател на Алжир од 1999 година.
Некои Алжирци поддржуват истрага против корупцијата додека другите се против бидејќи сметаат дека истрагата нема врска со корупцијата туку со Бутефлика.
Покрената е истрага и против братот на поранешниот премиер Саид Бутефлика, поранешните премиери, бизнисмени, високи функционери шефови на разузнавачки служби. Издадени се налози за апсење.