Burak Bir
25 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
АНКАРА
Американскиот производител на ракети и сателити „Спејс екс“ (SpaceX) вчера успешно лансираше 143 мали сателити во вселената, што е нов рекорд за една ракета, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Мисијата ‘Транспортер-1’, што беше одложена во саботата поради неповолните временски услови, успешно е лансирана од Комплексот за вселенски лансирања 40 на станицата за вселенски сили „Кејп Канаверал“ во американската држава Флорида“, соопштија од „Спејс екс“.
Вкупно 133 комерцијални сателити и 10 сопствени интернет-сателити „Старлинк“ на компанијата ќе бидат поставени во орбитата како дел од мисијата.
„10-те сателити „Старлинк“ на компанијата „Спејс екс“ имаат цел да обезбедат подобро покривање на оние во поларните региони“, се додава во соопштението.
„Спејс екс“ планира во орбитата на Земјата да воспостави мрежа од 12.000 сателити „Старлинк“, проект што би требало да заврши во 2027 година.