Seçkin Yavuz
21 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Опозицискиот претседател на Националниот парламент на Венецуела, Хулио Борхес истакна дека 3 милиони луѓе во Венецуела бараат храна по отпадите за обезбедување на својата дневна исхрана, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова не е метафора. Според направените анкети, 3 милиони луѓе во Венецуела бараат храна по отпадите за обезбедување на својата дневна исхрана. Оваа состојба претставува проблем и за другите држави во регионот“, истакна Хулио Борхез за време на својата посета во Доминиканската Република.
Борхес истакна дека многумина жители мигрирале во Бразил, Чиле, Колумбија, Панама и во Доминиканска Република поради влошувањето на економијата на Венецуела. „Ова е драма на еден народ кој поради гладот, недостигот на лекови и лошото управување е принуден да ја напушти државата богата со дијаманти, злато и со нафта“.
„Една влада треба да покажува политичка толеранција и да воспостави дијалог со нејзиниот парламент. Треба да се постигне консензус од политички аспект. Не може да има национално единство во еден парламент каде што не се претставува народот“, рече Борхес, и истакна дека од август минатата година не им била исплатена целосната месечна плата на вработените и на пратениците поради интервенцијата на владата.
Во Венецуела, земја богата со нафта, народот се соочува со бројни потешкотии поради прекините во снабдувањето со струја, кои траат со часови, поради недостатокот на лекови и основни прехранбени производи. Владата од 2015 година не ја соопштува стапката на инфлација во државата во која има и недостиг на готови пари.