Lokman İlhan
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
БОГОТА (АА) – Во Венецуела, која е во тешка економска криза, забележани се над 180 илјади заболени од маларија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од шпанската новинска агенција ЕФЕ, претседателот на Венецуелската федерација за медицина (ФМВ), Даглас Леон Натера, на прес-конференција изјави дека на ниво на цела држава, на повеќе од 180 илјади луѓе им е дијагностицирана маларија. Тој додаде дека повеќе од 80 проценти од ваквите случаи се наоѓаат во покраината Боливар, на југот од државата.
Нагласувајќи дека болеста што беше искоренета во Боливар пред 50 години, сега повторно се појавува „во застрашувачки размери“, Натера упати апел до претседателот Николас Мадуро да преземе чекори за решавање на ситуацијата.
Венецуелските медиуми, пак, објавија информации дека на некои места се појавила болеста дифтерија, која не е забележана во последните 25 години во државата.
Венецуела се соочува со тешка економска криза и протести против власта. Народот е во тешка состојба поради неколкучасовните прекини на електричната енергија и недостатокот на лекови и основни прехранбени производи.