Ahmad Adil
20 Ноември 2026•Ажурирано: 20 Ноември 2026
Циклонот „Акван“ рано утринава го погоди источниот брег на Индија, соопштија официјални лица, јавува Анадолу.
„Процесот на преминување на циклонот над копното започна и ќе продолжи во следните три часа“, објави Индискиот метеоролошки оддел на американската платформа за социјални медиуми Х.
Повеќе од 300.000 лица се евакуирани на побезбедни локации во источната сојузна држава Одиша, објави новинската агенција „Прес траст оф Индија“.
Силните бранови, обилните врнежи и моќните ветрови погодија делови од државата додека циклонот се движеше кон крајбрежјето.
Засега нема информации дали циклонот предизвикал материјална штета.
Неодамна Индија беше погодена од два големи циклона, „Арнаб“ и „Мурасу“, кои во краток временски период ја погодија сојузната држава Андра Прадеш, предизвикувајќи голема штета на имотот, инфраструктурата и земјоделските култури.